Македонија
29. March 2021 - 13:53

Филипче: Кога ќе стигне поголема доза на вакцини ќе се вакцинирам со „АстраЗенека“

Нема контраиндикација на граѓани од било која возраст кои што се вакцинираат од „АстраЗенека“, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче и нагласи дека вакцинацијата ќе започне од среда а луѓето ќе бидат контактирани преку матичните лекари.

На прашање дали и тој лично ќе се вакцинира за да биде пример за граѓаните, Филипче сепак рече дека ќе почека.

-Лично сега нема да се вакцинирам, ќе почекам да стигне поголема доза на вакцини, поголема достапност да има за граѓаните и тогаш кога ќе стигнат ќе се вакцинирам со „АстраЗенека“, изјави денеска Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

 Тој повтоно потенцираше дека смета дека засега нема потреба за заострување на мерките.