Македонија
3. September 2020 - 16:57

Филипче и Царовска донесоа одлука за своите деца, голем број на родители се двоумат

Онлајн или настава со физичко присуство? Голем дел од родителите се уште не можат да донесат одлука за нивните деца, во услови на немање на јасна слика за тоа како точно ќе изгледа образовниот процес. На нешто помалку од еден месец до почетокот на учебната година, се чини дека наставата по електронски пат ќе биде посебен предизвик, бидејќи голем дел од училиштата немаат соодветни услови за неа.

И покрај тоа, одлука за нивните деца веќе донесоа министрите за здравство и за образование, Венко Филипче и Мила Царовска. Велат дека ќе ги следат протоколите. Наставата за трето одделение детето на новата министерка ќе ја следи со физичко присуство како што е предвидено, а таква можност засега нема да има 13-годишниот син на Филипче кој ќе учи онлајн. До крајот на месецот се планирани интензивни подготовки од  релевантните институции, со цел квалитетна онлајн и настава со физичко присуство.

 

Горан Симоновски