Македонија
7. September 2020 - 15:44

Филипче: Хронично болните ако ги почитуваат протоколите на работното место исто како кога одат во маркет нема да бидат во ризик

За одлуката хронично болните да се вратат на работа министерот за здравство изјави дека премногу е широка листата на хронични болести за наши услови. За секоја организација и компанија имало протоколи. Доколку овие работници со хронични заболувања кои имаат нормални животни активности ги почитуваат мерките исто кога одат во маркет нема да бидат во ризик, вели Филипче.

- Премногу е широка листата во наши услови на хронични болести. Практично и луѓе кои имаат нормални животни активности и не се доведуваат во ризик ако ги почитуваат протоколите на работните места. Исто како кога одат во маркет и кога не се на работа. Ослободени од работа ќе бидат оние хронично болни кои ќе добијат специјалистички извештај за влошување во рамките на хроничната болест и бара акутен третман и е ризик по неговото здравје. Оставаме на стручноста на специјалистите да направат проценка, изјави министерот за здравство д-р Венко Филипче.

 

Александар Динев