Кошарка
31. January 2020 - 12:38

ФИБА му оддаде почит на Буштур: Кошаркарскиот свет загуби многу!

Македонскиот спорт пред се кошарката остана без легендата Благоја Георгиевски – Буштур кој ноќеска трагично го загуби својот живот во сообраќајна несреќа во Кисела Вода.
 
Благоја Георгиевски ќе остане запаметен како единствениот македонски кошаркар кој освоил медали од големите натпреварувања, а почит на легендата му оддаде и Светската кошаркарска федерација (ФИБА).
 
Кошаркарскиот свет го загуби Благоја Георгиевски, гласи насловот на официјалната страница на ФИБА со текст во кој е опишана кариерата на Буштур и како играч и како спортски работник.