Loading Video...
Ф1
9. јуни 2019 - 16:10

Фетел пред Хамилтон ќе стартува на канадското Гранд-при

Вечерва во Мотреал ќе се вози седмата трка во Формула 1 шампионатот
 
Германецот, Себастијан Фетел, ќе ја има пол-позицијата на вечерашната трка која ќе се вози за Големата награда на Канада.
 
Возачот на Ферари до првото место во квалификациите дојде во самиот финиш, возејќи побрзо од директниот конкурент за врвот, Луис Хамилтон. 
 
Возачот на Мерцедес заврши како второпласиран, и ќе стартува веднаш зад Фетел, додека од вториот ред трката ќе ја започнат Чарлс Леклерк од Ферари и Даниел Рикардо од Рено. 
 
Во пресрет на оваа трка лидер во генералниот поредок е Хамилтон со 137 бода, пред Ботас со 120, додека Фетел е трет со 82 бода.
 
Стартот на канадското Гранд-при е во 20 часот и 10 минути