Ф1
18. April 2021 - 19:25

Ферстапен најбрз во Имола, Хамилтон втор

Светскиот првак Луис Хамилтон иако имаше пол – позиција не успеа да оствари победа на трката за големата награда на Емилија-Ромања. 
Победата на патеката во Имола му припадна на возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен  додека Британецот го освои второто место пред Ландо Норис од Мекларен кој исто така се искачи на пиедесталот.