Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш изјави дека е вистинско време да дојде новиот тренер, Рубен Аморим и да внесе нова енергија во клубот. Аморим официјално го презеде Манчестер во понеделникот, откако претходно, поради лошите резултати, клубот го напушти Ерик тен Хаг.
„Направи нешто посебно во Спортинг. Ги гледав скоро сите натпревари на Спортинг, Аморим е некој кој ја врати возбудата во клубот, им донесе многу добри работи и се надевам дека ќе може да го направи истото и овде. По речиси 20 години ја освоија титулата“, изјави за Фернандеш на клупската телевизија.
Тој рече дека Манчестер има различни играчи и дека поради тоа може да игра на неколку начини.
„Сигурен сум дека идејата што ја има ќе ни донесе успех, без разлика на тоа како ќе играме. За мене е важна врската што ја има со играчите. Видовме како се простија од него, начинот на кој го третираат доволно зборува за тоа колку го почитуваат. Одеше на конференции и ги бранеше по лошите резултати“, изјави Фернандеш.
Португалскиот фудбалер не постигна гол на 13 натпревари оваа сезона во кои Тен Хаг го предводеше Манчестер, а потоа погоди четири пати во пет натпревари додека Руд ван Нистелрој привремено го водеше тимот.
Аморим на 24 ноември ќе дебитира на клупата на Манчестер Јунајтед во 12. коло од Премиер лигата против Ипсвич.
Манчестер се наоѓа на 13. место на табелата во Премиер лигата со 15 бодови, додека во Лига Европа е на 15. позиција со шест бодови.
Ново на Сител
-
Зеленски: Отворени сме за можноста западни војски да ја гарантираат безбедноста на Украина заради ставање крај на војната
-
Ахмети: Нема да има мир ако се укине Законот за јазици | ВИДЕО
-
Магла на патот Шипковица - Попова Шапка, видливост до 40 метри
-
Уставен суд нема да ги коментира медиумските објави и апелира на воздржаност
-
Пронајдена пушка и 16 куршуми кај лице од Чашка
-
Трамп ќе ги помилува учесниците во упадот на Капитол уште на првиот ден од мандатот
-
Сириските бунтовници нема да воведуваат верски кодекс на облекување за жените
-
Прекинат бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“, учениците утре продолжуваат со настава