Фазлиу: Македонија ќе ја искористи секоја шанса во процесот на интеграција во ЕУ
Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу на Регионалниот Форум за прекугранична соработка, што се одржува во Струга, оствари средба со директорот на одделот за регионален развој на земјите од Западен Балкан во повеќекорисничката програма и генерален директор за соседска политика на ЕУ, Колин Волф.
Фазлиу, како што соопшти неговиот кабинет, на средбата ја истакнал подготвеноста на Министерството за локална самоуправа за максимална посветеност на процесот на интегрирање во Европската унија од аспект на спроведување на политиките на Министерството.
Министерството за локална самоуправа, како што истакнал Фазлиу, посветено работи на унапредување на процесот на децентрализација од аспект на подобрување на функционалноста на општините, процес што е подржан и со проект од Унијата во вредност од 2,3 милиони.
Тој изразил убедување дека прекуграничната соработка во вториот ИПА програмски период ќе резултира и со поголем број на квалитетни проекти и со подготвеност за максимална апсорпција на расположливите средства од Европската унија.
- Прекуграничната соработка е важен сегмент во регионалната политика на Европската унија преку која земјите од регионот соработуваат за подобрување на условите на живеење за сите граѓани. Министерството за локална самоуправа работи и ќе соработува со своите соседи и со Унијата на остварувањето на таа цел, нагласил министерот Фазлиу.
На средбата, министерот Фазлиу побарал техничка поддршка за Министерството во процесот на децентрализирање на компонентата за прекугранична соработка, на што директорот Волф искажал подготвеност за помош во зајакнувањето на капацитетите на Министерството во процесот на акредитирање.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп