Македонија
22. јуни 2018 - 13:42

Фатен криминалец од Тетово

Тетовска полиција уапси криминалец кој се барал за издржување на затворска казна.

-   На 21.06.2018 година во 16.20 часот на булевар ,,Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле лицето А.Р. (61) од Тетово.  По документирање на случајот тој бил спроведен во Тетовскиот Затвор за издржување на затворска казна, стои во соопштението на МВР.