Македонија
24. јуни 2019 - 19:14

Фатен крадецот кој ограби маркет во Ѓорче Петров

Во СВР Скопје, вчера во 9 часот, вработена во маркет на улица „Ѓорче Петров“ пријавила дека непознат сторител извршил разбојничка кражба во маркетот.

По преземени мерки, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле и привеле сторителот и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.