Фудбал
22. February 2019 - 11:27

Фан-фантазија во С.Петерсбург

Познато е дека Русите се вистински фудбалски фанатици, дека нивните клубови имаат голема поддршка, но тоа што синоќа се случи во Санкт Петербург не може да се опише со зборови.

Фудбалерите на Зенит во Истанбул пред една недела доживеаја пораз од 1-0 од Фенербахче, па на играчите синоќа им требаше „ветар в грб“ за да ја анулираат предноста и да влезат меѓу 16 најдобри екипи во Лига Европа.

Додека автобусот со играчите на домашниот клуб се движеше кон стадионот „Крестовски“ од едната и другата страна на улицата навивачи со факели направија неверојатна кореографија повеќе од стотина метри.

Видеото од спектакуларниот перформанс за 12 часа го погледнале повеќе од 2 милиони луѓе во светот.

Зенит со 3-1 го победи Фенербахче и ја оствари целта, влез во осминафинале.