-->
-->
Фалкао херој за Галатасарај уште во своето деби
-->
Радамел Фалкао стана херој за Галатасарај во својот прв натпревар, откако во четвртото коло од шампионатот ја донесе победата над Касимпаша со 1: 0. „Ел Тигре“ постигна гол во 38-та минута по асистенција од Омер Бајрам, што се покажа и како единствениот погодок на мечот.
Тој потоа се стрча кон фановите и прослави како што правеше легендата Метин Октај, која почина на 13.09.1991 година во сообраќајна несреќа.
Фалкао играше со огромен ентузијазам и амбиција, која сигурно ќе биде ценета од страсните поддржувачи на турскиот клуб. Беше заменет неколку минути пред крајот.
Галатасарај има 7 бода на своја сметка, но и натпревар повеќе од своите конкуренти, откако во среда игра со Бриж во Лигата на шампионите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште