Македонија
2. December 2021 - 16:38

Фајзер најефикасен против смртен исход, Синовак против хоспитализација

Синовак најмногу спречува смрт, а Фајзер хоспитализација, покажува првичната сеопфатна анализа на министерството за здравство. Но, со овие вакцини се имунизирани и најголем дел од работоспособното население и речиси 70 проценти од сите вакцинирани.

Најмала е смртноста кај вакцинираните со кинеската Синовак, а најголем дел од починатите примиле Синофарм, но и оваа вакцина има ефикасност 91 процент во спречување смртен исход. Високи 94 и 95 проценти ефективност во спречувањето на смрт имаат Фајзер, Спутник и Астра Зенека.

Според објавените податоци најмалку од хопитализираните примиле Фајзер, голема е ефикасноста 94 на Астра Зенека и 92 отсто на Синовак,  а пониска ефикасност од околу 80 проценти во спречување на болничко лекување имааат Спутник и Синофарм.

Во истражувањето кое го направија Д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторанд - Институтот Каролинска во Шведска и Жаклина Чагороска од „Мој Термин“ користени се податоци од Нова Година до октомври. Во тој период поради компликации од Ковид починале 3947 граѓани, 179 од нив биле комплетно вакцинирани.  Од хоспитализираните 16.700 пациенти, 1.114 примиле две дози. 

Во податоците се влезени и македонски дравјани кои се имунизирани во странство, а се пријавени и во „Мој термин“ преку регистрација на некој од пунктовите во земјава.

Кај нас вакцинацијата започна на 17 февруари, а од периодот од 15 јануари до тогаш се влезени и околу 190 македонски државјани кои се вакцинирале во странство, изјави Жаклина Чагоровска, од Мој Термин.

Анализата на Министерстото за здравство покажува дека постарите од 65 години имаат двојно поголем ризик да починат од Ковид, а кај мажите ризикот за смрт е за 28 проценти повеќе од жените.

Исто така се укажува дека само една доза вакцина против Ковид е недоволна за да спречи тешки исходи од болеста, односно ефикасноста во спречување смрт е само 39 проценти.