„Фајненшел тајмс“: Кипарскиот претседател се заканува да го потопи договорот на Меркел за бегалците

Јасната позиција на кипарскиот претседател Никос Анастасијадис, дека нема да се согласи со отворањето на поглавјата во преговорите за присоединување на Турција кон ЕУ, блокирани од Никозија, е тема во британскиот весник „Фајненшел тајмс“ под наслов „Кипарскиот лидер се заканува да го потопи договорот на Меркел за бегалците“.
Весникот ја цитира изјавата на Анастасијадис, дека никогаш нема да прифати да биде убеден да ја даде согласноста (за отворање на поглавјата), зашто во спротивен случај нема друг избор, освен да не се врати во Кипар.
По средбата со лидерите на ЕУ премиерот на Турција Ахмет Давутоглу „се пофалил“ пред турски новинари дека предизвикал „скандал во ЕУ“ и земјите-членки биле принудени да се обратат кон кипарските Грци на „остар начин“, се наведува во написот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
