Македонија
9. November 2015 - 11:36

Фабиус: Постои ризик за живот на планетата Земја

Шефот на француската дипломатија Лоран Фабијус, кој ќе преседава со Самитот за климатските промени кон крајот на годината во Париз, предупреди дека се заканува „планетарна катастрофа“ ако преговорите пропаднат. 

- Во опасност е животот на нашата планета, изјави Фабијус за новинарите на маргините на  состанокот на министри и еколошки претставници од 70 земји, кој се одржа пред самитот, со цел да се надминат големите разлики за важни политички прашања. 

Три недели пред почетокот на самитот, Фабијус најави дека на отворањето на самитот на 30 ноември ќе присуствува и претседателот на Русија Владимир Путин. 

- Итно е да се оствари целта на ОН за ограничување на глобалното затоплување на два степени Целзиусови во однос на перидот пред индустриската револуција, истакна министерот за надворешни работи. 

Научниците за климатски промени предупредуваат дека растот на температурата би можел да достигне и до четири, пет, шест степени, доколку во најбрз можен рок не се дејствува, посочи Фабијус и додаде дека тоа би можело да има катастрофални последици бидејќи би можела да настане суша, која ќе предизвика големи проблеми со миграцијата, вклучувајќи ги и проблемите со војни.

Во вчера објавениот извештај на Сведската банка се наведува дека глобалното затоплување би можело да го зголеми ширењето на болести, да ги уништи насадите и да турне во сиромаштија уште 100 милиони луѓе.