Loading Video...
Ф1
30. јуни 2018 - 16:51

Ф1: Ботас пред Хамилтон на стартот на австриското Гранд-при

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, ќе стартува од пол-позиција на утрешната трка за Големата награда на Австрија деветта во Формула 1 шампинатот сезонава. 

Ботас оствари најдобро време во денешните квалификации, оставајќи го зад себе за само 19.илјадити делови од секундата клипскиот колега, Луис Хамилтон. 

Веднаш зад болидите на Мерцедес, австриското Гранд-при од вториот стартен ред ќе го започнат возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен, а зад нив ќе бидат Макс верштапен (Ред Бул) и Роман Грожан (Хас). 

Во пресрет на оваа трка лидер во Генералниот поредок е Хамилтон со 145 бодови, пред Фетел со 131,по кои следуваат Рикардо со 96, Ботас со 92 и Раиконен на петтото место со 83 бодови.