-->
-->
Ф-1: Розберг обезбеди пол позиција за ГН на Белгија
-->
Утре на патеката Спа се вози големата награда на Белгија од шампионатот во Ф-1, трка која може да го направи првенството екстра интересно откако Нико Розберг обезбеди пол позиција и ќе се обиде да ја искористи казната на клубскиот колега од Мерцедес Луис Хамилтон кој ќе стартува последен.
Германецот обезбеди најдобро време на патеката Спа, но покрај него, навистина добар впечаток на денешните квалификации остави младиот Макс Ферстапен кој за малку не стигна до пол позицијата.
На третото стартно место утре ќе го видиме Кими Раиконен кој инаку денеска беше најдобар на првите тренинзи, додека од четвртото место ќе стартува неговиот колега од Ферари, Себастијан Фетел.
Хамилтон ќе стартува последен поради менувањето на компонентите на неговиот мотор, додека од претпоследното место ќе стартува Фернандо Алонсо кој повторно беше приморан да го менува моторот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација