Ф1
14. April 2019 - 11:16

Ф-1: Хамилтон го надмудри Ботас

Луис Хамилтон нема да ја даде својата светска титула лесно, откако стигна до својата втора победа во првите три трки од новата Формула 1 сезона, поминувајќи го својот колега од Мерцедес, Валтери Ботас на стартот на Кинеското ГП, за рутински триумф во историската 1000. трка во шампионатот.

Ова е 74. победа во кариерата на ѕвездата на Мерцедес, со која е нов лидер во генерален пласман пред својот колега Ботас, и шеста победа на патеката во Шангај. Хамилтон има 68 поени пред Ботас со 62.

„Не беше наједноставен викенд, но ова е фантастичен резултат за мене и за тимот. Дојдовме тука не знаејќи каде сме со силите, но на крајот имаме еден-два победа во 1000-тата трка“, изјави Хамилтон.