Loading Video...
Ф1
8. July 2018 - 17:19

Ф-1: Фетел го искористи хаосот на Силверстоун

Себастијан Фетел е новиот лидер во шампионатот во Ф-1 откако  денеска победи на највозбудливата трка оваа сезона  ГН на Велика Британија на Силверстоун.

            Германецот успеа да победи  со атрактивно претекнување на 5 круга до крајот  кога успеа да го заобиколи Валтери Ботас.

            Второто место му припадна на Луис Хамилтон додека трет беше Кими Раиконен.

            Многу работи беа искомплицирани на стартот од трката кога Раиконен загуби концентрација и удри во Хамилтон кој се најде на последното место.  Од тој момент битката за првото место се водеше помеѓу Фетел и Ботас се до моментот кога на патеката се појави безбедносното возило и тоа во два наврати. Тоа ги приближи болидите и му овозможи шанса на залетаниот Хамилтон да се вмеша во битката за првото место.

            Откако Фетел го мина пилотот на Мерцедес, Валери Ботас тоа до крајот на трката им успеа и на Хамилтон и Раиконен па Ботас на крајот мораше да се задоволи со 4. Позиција.