Ф1
19. јуни 2022 - 14:06

Ф-1: Алонсо му се заканува на Ферстапен

Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата, но ѕвезда, не само на квалификациите, туку и на целиот тркачки викенд во Канада, е Фернандо Алонсо, кој ќе стартува од втората позиција.
 
Добивај вести на вибер
„Чувството е одлично. Досега, ова е неверојатен викенд за нас. Делумно благодарение на условите. Но, морам да кажам дека имам мега автомобил. Се чувствувам удобно кога го возам. И морам да кажам дека навивачите ми дадоа сила“, изјави Алонсо.
 
Шпанецот ја откри и тактиката за трката.
 
„Мислам дека ќе го нападнам Макс на првиот свиок“.
 
Трката за Големата награда на Канада е на програмата во недела во 20 часот.