Loading Video...
Фудбал
21. April 2019 - 17:47
Евертон го испрати Манчестер Јунајтед со четири гола во мрежата
Фудбалерите на Евертон забележаа убедлива победа над Манчестер Јунајтед со 4:0 во меч од 35.коло на англиската Премие лига.
Домаќините поведоа уште во 13-мионутра со погодокот на Ричарлисон, а веќе во 28-та имаа и водство од 2:0 со голот на Сигурдсон.
И во вториот дел „карамелите“ постигнаа два гола. Лукас Дињ во 56-тата сголеми на 3:0, а конечните 4:0 за Евертон ги постави Тео Волкот во 64-минута.
Со новите три бодови и вкупно 49, Евертон сега се проби на седмото на табелата, зад Јунајтед кој остана шести со 64 бодови.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->