-->
-->
Еве зошто пејачката го крие првиот брак: Сопругот на Лепа Лукиќ и се заканувал со убиство
-->

Лепа Лукиќ пред бракот со естрадниот менаџер Владо Перовиќ била мажена за сега покојниот Томи Лукиќ, со кого преживеала вистински пекол.
Можеби мачниот живот поминат со него е причината поради што пејачката никогаш јавно не прозборела. Иако со Томи поминала тешки моменти, па дури и животот и би загрозен, таа го задржала неговото презиме, кое и денеска го носи.
Ја навлекол на коцка
Како што српски Курир дознава, првиот сопруг на Лепа бил љубоморен, поради што пејачката неколку пати добила закани по нејзиниот живот и седум години не и давал развод. Тој и неа ја навлекол на коцка, порок од кои и денеска пати. Најдобрата пријателка на Лепа , Надица која ја чува куќата додека пејачката е во „парови“ за српски Курир открива низ какви маки Лепа минувала во бракот со Томи.
- Беше болно љубоморен. Толку ја сакаше што не умееше да се контролира. Му сметаше нејзината работа и бараше да ја остави. Таа не сакаше да се откаже од кариерата бидејќи тогаш почнала да и се развива славата. Томи многу ја сакаше и не можеше да се воздржи. Ја селдеше и се закануваше дека ќе ја убие, не знаеше што збори.
Таа многу се плашеше, а на крајот, кога ќе му поминеше знаеше да каже „Зар мислиш ли дека би те убил?“Тоа можеби го зборуваше во афект. Седум години сето тоа го трпеше, а тој не и даваше развод. Не можеше да сфати дека повеќе не можат да бидат заедно. Вистински пекол, раскажа надица и додава дека Лепа се му простила на поранешниот сопруг пред неговата смрт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Расположението во Русија се врти против Путин
-

Вучиќ: Можно е наскоро да поднесам оставка
-

Ивановски: По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје
-

Сиљановска-Давкова: Кирил и Методиј го изградија темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот
-

Мицкоски ќе се обрати на свечената академија „Од слово до вечност“ во Охрид
-

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира дел од изјавите
-

Кои се светите браќа Кирил и Методиј и зошто ги славиме
-

Силни експлозии во Киев по предупредувањето за масовен руски напад со балистички ракети
