Живот
20. October 2015 - 14:15

Еве што направила уморната Стефани откако пристигнала дома

Откако се вратила во Сплит, Стефани го преспала целиот ден. Нејзината мајка вели дека е полна со емоции, и дека е задоволна од нејзиното издание во реалното шоу.
 
Стефани ја напушти куќата на Големиот Брат во недела по 40 дена поминати заедно со останатите станари. Иако таа неколку пати се предомислуваше во својата одлука сепак на крајот ја напушти куќата на Големиот Брат.
 
Стефани пристигнала дома во солзи, по што ги прегрнала нејзините сестри и нејзината мајка, се вовлекла во креветот и го преспала целиот ден, кажала нејзината мајка Катја.
 
- Имаше многу емоции, а верувам нема да стивнат ни во следните неколку дена. Ќе имаме за што  разговараме овие денови. Уморна е и исцрпена - додала Катја која за добредојде на Стефани и го подготвила нејзиното омилено јадење.
 
- Фановите на Стефани постојано ме бараат, ми вртат на телефон, ми праќаат пораки и ме молат да ја запрам, да не изглеува од куќата на Големиот Брат - кажала мајката на Стефани.
 
Откако добро ќе се одмори, мајката на Стефани претпоставува дека ќе ги прелиста сите портали и сите социјални мрежи со цел да ги прочита сите критики добри и лоши но додава дека ништо не ја допира и не може да и влијае.