Балкан
13. July 2017 - 13:34

Еве што кажале уапсените Срби на сослушувањето, па им е одреден притвор до судење

На осумина уапсени Срби на Закинтос поради претепувањето до смрт на Бакариј Хендерсон од САД во средата им  е одреден притвор до почетокот на судењето, а тие се теретат за убиство и им се заканува максимална казна според грчкиот закон - доживотна казна затвор.

Како што пишуваат медиумите, шестмина српски момчиња отфрлиле секаква вмешаност во злочинот "иако јасно се гледаат на видеото од тепачката".

Телохранител со српско потекло рекол пред судијата дека не го удрил Бакариј Хендерсон.

- Не го тепав, или бар не му го нанесов смртоносниот удар бидејќи раката ми е скршена - рекол тој.

Грчкиот бармен исто така рекол дека не го убил Бакариј Хендерсон.

- Да го удирав, но немав намера да го убијам. Видов дека мојот колега е вмешан во физичка премсетка и дојдов да помогнам - рекол тој.

Грчките медиуми во средата објавија видео снимка во која е убиен турист од САД на Закинтос, по што се уапсени 9 луѓе, меѓу кои осум со српско државјанство.