Џет-Сет
17. May 2019 - 14:07

Еве што и порача Карлеуша на Тамара , по што Шерифовиќ и возврати, Беквалац со порака до регионот

Целиот регион денеска зборува за одличниот настап на нашата претставничка на Евровизија Тамара Тодевска.

Таа со песната „Proud“ вчеравечер се претстави пред Европа и како прва извлечена влезе во финалето на Евровизија кое ќе се одржи утре.

Поддршка за Македонија доаѓа од сите страни, особено од соседството.

Јелена Карлеуша сподели видео од настапот на Тамара, додека Марија Шерифовиќ возвраќајќи исто така ја поддржа македонската претставничка преку нејзиниот Инстаграм профил, веднаш по нив Наташа Беквалац ги повика сите да гласаат за бројот 17 и Македонија.