Џет-Сет
12. February 2019 - 22:48

Еве кој на медиумите им откри дека газдата на Амазон има љубовница: Љубовниците ги издаде близок член на семејството

Светот го обиколи веста дека најбогатиот човек на светот, Џеф Безос се разведува од сопругата Мекензи по 25 години брак и тоа поради заносната водителка Лорен Санчез.

Во меѓувреме, Безос изјави дека бил мета на „изнуда и уцени“ од таблоидот Нешнел инквајер. Наводно таблоидот се заканувал дека ќе ги објави неговите приватни фотографии доколку не престане да истражува како весникот дошол до неговата приватна преписка со љубовницата.

Се нагаѓаше како медиумите дознале за аферата, а изгледа дека зад сето тоа стои братот на Лорен, Мајкл.

Majkl Sančez

Наводно, Мајкл Санчез на медиумите им ги доставил жешките пораки кои милјардерот ги разменувал со неговата сестра. Тие биле во врска околу 8 месеци, додека и двајцата биле во брак.

Адвокатот на Безос не се огласуваше многу, но со последната изјави ги разбуди сомнежите дека таинствениот извор би можел да биде токму братот на водителката.

„Таблоидот ја доби приказната од доверлив извор. Тоа е извор кој му е познат и на господинот Безос и госпоѓата Санчез, но не можам точно да кажам кој е во прашање, тоа е доверливо“, рече адвокатото Елкан Абрамовиц.

Санчез повеќе пати одби да каже дали тој во медиумите испратил сочни информации.

Да потсетиме, Безос се разведува од жената Мекензи, а Лорен Санчез се раздели од мажот Патрик Вајтсел.