Еве како климата да ви работи по цел ден, а да не чини ништо
На кој начин најдобро да се користи клима уредот со цел максимално да се заштеди на електрична енергија?
Можеби ќе ви се чини како непотребно трошење на електрична енергија кога го вклучувате и исклучувате клима уредот, но на тој начин ќе заштедите доста на пари, а клима уредот на тој начин работи подобро.
Всушност, системот на разладување на просторот најефикасен е кога работи со полна брзина, отколку кога работи во кратки периоди со помала брзина, со цел да се одржи константна температура во текот на целиот ден.
Освен тоа, кога клима уредот работи со полна брзина, подобро ќе ја избрка влагата од вашиот дом.
Електична енергија може да се заштеди и доколку термостатот на клима уредот го наместите на повисока температура (разликата помеѓу собната температура и надворешната не смее да биде поголема од 7 до 10 степени).
Според некои податоци, клима уредот троши 3 до 5 % помалку енергија со секој степен погоре на термостатот.
За максимална заштеда на енергија, клима уредот оставете го да работи на 26 или повеќе степени целзиусови, додека не сте дома.
Ново на Сител
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
