-->
-->
Еве како изгледало местото на денешното така наречено прилепско “Памук Кале”
-->
Прилепското мермерно езеро сместено над селото Беловодица деновиве е вистинска атракција и супер разладување за прилепчани.
Езерото предизвика огромно внимание кај медиумите, кои секојдневно известуваат за стотината посетители што се искачуваат до ова место.
Но, сигурно не сте знаеле како изгледало местото на денешното така наречено прилепско “Памук Кале”.
На својот фејсбук профил Васко Дамески вели: “Прилепското „Памук Кале“ или Мермерното езеро во време на изградбата. Не го направи Крале Марко со боздоганот, туку е производ на осмислен процес на експлоатација по сите стандарди. Теренот е еколошки чист а квалитетот на водата е (испитан во 2011 год.) хемиски и биолошки исправна. Езерото е длабоко 20 метри и содржи 100 000 кубни метри вода. Поздрав до рударите од Рудник Беловодица за посебен допринос при изградбата на оваа прилепска атракција. Ви посакувам на сите пријатни моменти и внимателно пливање во ова прекрасно место”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро