Свет
16. April 2019 - 14:49

Евакуирани три амбасади во Мадрид поради закана за поставена бомба

Амбасадите лоцирани во облакодер во Мадрид евакуирани се поради закана за поставена бомба.

Според шпанската полиција Амбасадата на Австралија добила телефонски повик со кој била известена дека во зградата е поставена бомба.

И Амбасадата на Велика Британија и на на Канада се лоцирани во висококатницата.