Свет
8. August 2016 - 8:33

Евакуација поради пожар во Калифорнија

Пожар, кој многу брзо се ширел во јужниот дел на Калифорнија, предизвика евакуација на неколку десетици домови.

Портпаролка на службата за национални паркови во Сан Бернардино изјави дека жителите во реонот на Семит Вали вчера попладне добиле инструкции да ги напуштат куќите.

Таа истакна дека во околината има фарми, а формиран е и евакуациски центар во градот Хесперина.

Пожарот за многу краток период зафатил огромна површина, а неколку делови од два автопата се затворени за сообраќај поради огнената стихија.

За гаснење на пожарот се ангажирани 350 пожарникари.