Loading Video...
Ракомет
17. November 2021 - 9:21

Еурофарм Пелистер ја оствари првата победа во Европската лига

Екипата на Еурофарм Пелистер ја оствари првата победа во ЕХФ Европската лига. 
 
На тешото гостување во Атина, пелистерци го совладаа тимот на АЕК кој во првите две кола имаше две победи.  Во текот на целиот меч избраниците на тренерот Бабиќ ја имаа контролата на резултатот, а најголемата предност изнесуваше шест разлика, за на крајот сепак да се радуваат на победа со три гола позитива 30-27. 
 
И покрај триумфот тие останаа на четвртото место на табелата, со бод помалку од Ним, спортинг и АЕК, а еден повеќе од екипата на Татабања против која ќе играат во следното 4.коло и тоа веќе во вторник (23 ноември) во Битола. 
 
 
 ЕХФ ЕВРОПСКА ЛИГА - Д ГРУПА – 3.КОЛО
АЕК АТИНА - ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 27 – 30 
ТАТАБАЊА - КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН 31 – 23 
НИМ - СПОРТИНГ 33 – 27 
 
ТАБЕЛА
1. НИМ 4 бодови 
2. СПОРТИНГ Л. 4
3. АЕК Атина 4
4. Е. ПЕЛИСТЕР 3
5. ТАТАБАЊА 2
6. КАДЕТЕН Ш. 1