Свет
14. October 2019 - 18:37

ЕУ за забрана на извоз на оружје за Турција

Советот на ЕУ за време на состанокот во Луксембург ја повика Турција да ја прекине воената акција во североисточниот дел на Сирија.

Советот ги повика и земјите членки да ја разгледаат опцијата за прекин на извоз на оружје за Анкара. Во заклучоците од состанокот е оценето дека во тек е турска воена операција со големи последици која претставува сериозно поткопување на стабилноста и безбедноста на целиот регион.

Советот на ЕУ најави состанок на работните групи кои ќе ги координираат позициите на земјите членки на Унијата во процесот на прекин на извоз на оружје за Турција.