ЕУ изгубила 134 милијарди евра во ДДВ поради фискална евазија во 2019
– Последната студија на службите на Европската комисија пресметала дека земјите членки на ЕУ во просек изгубиле 134 милијарди евра приходи од ДДВ во 2019 година поради „фискална оптимизација“.
Поради фискална евазија, но и административни грешки при пресметки ги чинат земјите членки значајни приходи, Европската комисија бара таргетирани и ефикасни политики за да се одговори на оваа појава.
За Европската Комисија изгубените приходи од ДДВ имаат „екстремно негативни последици“ врз капацитетот на владите да инвестираат во јавните добра како образованието, здравството и транспортот, посебно во контекст на економската криза предизвикана од пандемијата, како и климатската криза.
– Бројките за 2019 значат дека во ЕУ се губеле четири илјади евра во ДДВ секоја секунда, предупреди еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони.
Сепак, ситуацијата е подобра отколку претходните години, истакнува европската извршна власт.
Најголем јаз во ДДВ има во Романија со 34,9 отсто, потоа Грција со 25,8 отсто и Малта со 23,5 отсто. Најдобри резултати покажуваат Хрватска со 1 отсто, Шведска со 1,4 отсто и Кипар со 2,7 отсто.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка