Етиопија им даде рок на бунтовниците од 72 часа да се предадат
Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед, им даде рок од 72 часа на бунтовничките сили во провинцијата Тиграј да се предадат или етиопската армија ќе почне офанзива врз главниот град Мекеле.
„Бараме да се предадете мирно во следните 72 часа и со тоа да признаете дека сте стигнале до точката од која нема враќање“, напиша премиерот во пораката на Твитер, што беше објавена од британските медиуми.
Етиопската армија претходно вчера соопшти дека ќе го опколила градот Мекеле со тенковски единици и го предупреди локалното население дека градот ќе биде под артилериски оган.
Конфликтот во Тиграј избувна на 4 ноември, кога силите на Народниот ослободителен фронт Тиграј почнаа ненадеен напад врз позициите на етиопската армија.
Во конфликтот досега, според британските медиуми, „ има стотици убиени, а можеби и илјадници лица“, додека повеќе од 30.000 жители на Тиграј мораа да ги напуштат своите домови и да пребегаат во соседен Судан.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација