Бизнис
18. October 2021 - 16:36

ЕСМ очекува успешен тендер за набавката на јаглен

Државната ЕСМ не открива колку компании и од каде доставиле понуди на тендерот за увоз на јаглен чиј рок истекува денеска. Единствено посочија дека тендерот е успешен и нема да има ново пролонгирање. Во среда ќе се отвораат и понудите.  

Според информациите на Сител, интерес имало од компании од Србија, Косово, Грција, но и од домашни фирми.

Претходно тендерот беше одложен за неколку дена, со образложение дека тоа го барале компаниите за да имаат повеќе простор и да достават комплетни понуди.

За справување со енергетската криза државата одлучи да купи над 1 милион тони јаглен, за да го активира третиот блок во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. Овие капацитети засега надлежните сметаат дека ќе бидат доволни за да се покријат  сите потреби од струја.

Енергетичарите веќе предупредија дека не чека тешка зима, со падот на температурите проблемите ќе бидат поголеми. Во меѓувреме цената на светските берзи продолжува да расте. Ваквата состојба ги принуди дел од државите да носат мерки за справување со последиците. Кај нас од Владата соопштија дека се уште работи на планот за тоа што ќе се преземе за да се заштитат домаќинствата од нов ценовен шок по Нова Година.

Прогнозите се дека цената на струјата ќе расте се до втората половина следната година, а потоа ќе се стабилизира.