Ерупација на вулканот Етна, лава се спушта на сите страни
Најголемиот активен вулкан во Европа, Етна, што се наоѓа на италијанскиот остров на Сицилија, денеска еруптираше и исфрли големи количества лава, чад и пепел од неговиот југоисточен кратер.
Според фотографиите и видеата на социјалните мрежи, лавата се шири во сите правци.
Според италијанските медиуми, релативно новиот кратер на југоисточната падина на вулканот исфрли „спорадични рафали“ од лава и пепел.
Меѓународниот аеродром Катанија, што се наоѓа на 60 километри јужно од вулканот, се уште е отворен за воздушен сообраќај. Одлуката дали ќе биде затворен ќе ја донесе кризниот штаб, кој вечерва заседава.
Медиумите на Апенинскиот полуостров забележуваат дека аеродромот во Катанија досега главно бил затворан за време на ерупциите слични на денешните, бидејќи пепелта знаела да покрие поголем дел од градот.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење