Свет
12. December 2016 - 17:27

Еро ја обвинува Русија за константни лаги во врска со Сирија

Министерот за надворешни работи на Франција Жан-Марк Еро ја обвини денеска Русија за „константни лаги“ во врска со нејзината улога во Сирија, наведувајќи дека Москва тврди дека се бори против ИД, а всушност единствениот интерес кој го има е поддршка за Башар ал Асад. 

Еро истакна дека во текот на викендот пропаднале преговорите поради „двосмислените пораки и постојаните лаги“ од страна на Русија. 

- Од една страна велат - ајде да разговараме и да добиеме прекин на огнот, а од друга страна продолжуваат со војната со цел спасување на Асад и освојување на Алепо. 

Еро смета дека Русија ги концентирала напорите кон Алепо поради што џихадистите на ИД повторно ја презеле Палмира.