Свет
31. October 2020 - 9:47

Ереван и Баку договорија да не таргетираат цивили и невоени објекти

Шефовите на дипломатиите на Ерменија и на Азербејџан, Зохраб Мнатсаканијан и Јејхун Бајрамов, на состанокот што заврши синоќа во Женева по шест часа, се согласија дека намерно нема да се пука кон цивили и цивилни објекти во конфликтната зона околу Нагорно Карабах, соопшти копретседавачот на групата Минск на ОБСЕ.

Договорена е и размена на тела на загинати, како и објавување на списоците на заробеници во рок од една недела, со цел можна размена, изјавија пратениците од Русија, Франција и САД.

Во соопштението се наведува дека страните се согласиле да достават коментари и прашања во врска со можните механизми за верификација на примирјето, во согласност со изјавата од Москва од 10 октомври.

По состанокот во Женева, страните се согласија да преземат голем број итни мерки, без оглед на прекинот на огнот и другите обврски.