Балкан
31. December 2015 - 15:17

Ердоган: Турските сили во 2015 убиле 3.100 припадници на ПКК

Турските безбедносни сили во текот на оваа година убиле 3.100 курдски екстремисти, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, истакнувајќи дека нема да се намали интензитетот на силната офанзива против бунтовниците од градовите и планините на североистокот на Турција. 

- Во операциите во Турција и во странство во текот на 2015 година се неутрализирани 3.100 терористи. Нашите безбедносни сили ги протеруваат терористите од секој сантиметар од планините и градовите, а ќе продолжат тоа да го прават и во иднина, рече Ердоган во новогодишното обраќање на граѓаните на Турција.

Турскиот претседател додаде дека во тие акции загинале и 200 припадници на турските безбедносни сили, како и непознат број цивили.