Ердоган ја повлече Турција од Договорот за заштита на жените
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одлучи да се повлече од меѓународниот договор за заштита на жените, и покрај повиците на активистите кои сметаат дека документот е клучен инструмент во борбата против растечкото семејно насилство.
Иако во Турција изминатата година има зголемување на семејното насилство, официјална Анкара одлучи да се повлече од договорот договорен во Истанбул под покровителство на Советот на Европа и потпишан од Турција во 2011 година.
„Правата на жените се загарантирани со нашите закони, особено со Уставот. Нашиот судски систем е доволно динамичен и силен за да спроведе нови законски мерки кога е потребно”, рече министерот за семејство, труд и социјална политика, Зехра Зумрут.
Не се прецизирани причините зошто Турција одлучи да се повлече од меѓународниот договор.
Критичарите предупредуваат дека потегот на официјална Анкара дополнително ќе ја оддалечи Турција, која се стреми да влезе во ЕУ, од европските вредности.
Ново на Сител
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште