Свет
14. March 2017 - 13:22

Ердоган: Ја помниме Холандија по колежот во Сребреница

Холандија и Холанѓаните ги паметиме по колежот во Сребреница, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пренесува турската НТВ.

Изјавата се случува само неколку дена откако ги нарече Холанѓаните „нацистички остатоци“ и „фашисти".

Меѓу Холандија и Турција избувна дипломатски скандал, откако Хаг им забрани на турски министри да одржат митинзи во холандски градови.

Холандскиот контингент во мировните сили на Обединетите Нации беше одговорен за енклавата Сребреница во 1995, кога босанските српски сили убија околу 8.000 муслимани мажи и момчиња.