Свет
7. May 2016 - 20:08

Ердоган ја обвини Европа дека „демократијата ја остава настрана“

Турскиот претседател  Реџеп Таип Ердоган ги обвини европските земји, кои веќе претрпеа атентати, дека „демократијата и слободите ги оставија настрана“ во момент кога Брисел бара од Анкара да го олесни својот антитерористички закон во замена за укинување на визниот режим, пренесоа француските медиуми.

-Оние кои не критикуваат, демокрацијата и слободите ги оставија настрана кога бомбите почнаа да експлодираат на нивна територија, рече Ердоган во говорот што го одржа во југоисточниот град Малатија.

Ердоган вчера изјави дека не може да стане збор за промена на турскиот антитерористички закон, како што  бара  Европската унија, за во замена да воведе визна либерализација за Турците.

-ЕУ сакаат од нас да го промениме антитерористичкиот закон за да ни ги укине визите. Тоа се кажува во момент кога Турција од сите страни е подложена на напади од терористички организации и нивни колаборационисти, рече Ердоган.

„Ние ќе одиме по нашиот пат, а вие по вашиот“, додаде тој, обраќајќи и се на ЕУ.