Балкан
16. March 2016 - 17:07

Ердоган: Борбата против тероризмот е поважна од демократијата

Борбата против тероризмот е поважна од демократијата, слободата и владеењето на законот, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

- За нас овие зборови веќе немаат апсолутно никаква вредност. Оние, кои се на наша страна во борбата против тероризмот, се наши пријатели. Оние, пак, кои се на спротивната страна, се наши непријатели, истакна Ердоган пред претставници на локалната власт во Анкара.

Шефот на турската држава вети „железна тупаница“ против тероризмот и борбата против Курдската работничка партија (ПКК).

Тој упати критики и до прокурдската Демократска партија на народите, која има 80 места во турскиот Парламент.