„Епл“ замениле 11 милиони дефектни батерии за „ајФон“ во 2018 година
„Епл“ испрати контроверзна година, во која мораа да се справат со многу проблеми. Последниот квартал беше поврзан со судски конфликти со „Куалком“ кои ќе продолжат со полна сила и во 2019 година. Само пред неколку дена „Епл“ потврдија дека слабите продажби на „ајФон“ ќе доведат до финансиски загуби во износ од 9 милијарди долари. Традиционално почетокот на календарската година е слаб период за смартфон пазарот и ги имаме сите причини да очекуваме ситуацијата да се повтори и во 2019-та.
Технолошкиот гигант ги објави финансиските резултати за изминатите три месеци, од кои разбираме уште еден интересен факт. „Епл“ морал да замени повеќе од 11 милиони батерии на сопственици на „ајФон“ во изминатите 12 месеци. Самата поправка е дел од стандардната програма за замена на неисправни делови, за што корисниците плаќаат 29 долари. Иницијативата е достапна приближно година и покажува дека доста луѓе имаат потреба од неа, соопштува „Покетнау“.
Треба да се напомене дека традиционално компанијата заменува помеѓу 1 и 2 милиони батерии во рок од една година. Во пракса, ова значи дека десет пати повеќе луѓе побарале промена на оваа компонента во паметните телефони во 2018 година. „Епл“ исто така е изненаден од бројките и ќе направи понатамошни напори за намалување на оваа бројка оваа година. На крајот ќе споменеме дека трошоците за 11 милиони батерии, исто така, имаше влијание врз финансиските резултати на компанијата за 2018 година.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот