Loading Video...
Спорт плус
30. March 2019 - 18:52

ЕП во шах: Титулата за рускиот велемајстор Артемиев

Во Скопје заврши ЕП во шах во поединечна конкуренција. За првпат  со титулата најдобар на стариот континент се закити најдобро рангираниот шахист, Русинот Владислав Артемиев со 2736 рејтинг-поени. Второто место го освои Нилс Гранделиус од Шведска кој освои исто така 8,5 поени како и Артемиев додека треб беше Пиорун од Полска.  На победникот му припадна награда од 20000 евра додека за второто и третото место следуваат награди од 15 и 10илјади евра.

„ За мене Македонија е среќна држава бидејќи тука учествувам на турнири по трет пат а ова ми е втора титула. Тука ми е добро, луѓето се пријатни, свеж воздух добри услови, одлична организација и се радувам што ќе се сеќавам на Скопје по убави моменти“-изјави за ТВ Сител победникот Артемиев.

Нашата држава се претстави со 24 шахисти а најдобропласиран е велемајсторот Кирил Георгиев кој со 7 поени го освои 74. Место. Од дамите кои настапија Александра Горјачкина од Русија го освои 136-тото место.

Првенството се играше во х. Хилтон во Скопје.