Loading Video...
Ракомет
8. November 2022 - 19:54

ЕП Ракомет (ж): На се или ништо против Романија

Женската ракометна репрезентација на Македонија   го доживеа и вториот пораз на ЕП во Скопје и тоа убедливо со 30-15 од силната Холандија.  Последниот натпревар го играме утре со селекцијата на Романија . Победникот од овој дуел ги продолжува натпреварите во следната фаза. 
Нашите ракометарки  со многу желба влегоа во пресметката со силните холанѓанки но очигледно дека разликата во квалитетот беше  на страната на противникот. 
Од самиот почеток  Холандија знаеше да ги казни нашите грешки и пред се промашувања  и со брза игра  да поентира и да се одлепи резултатски. 
За некои можеби овој пораз е разочарување но ако се направи добра анализа ќе се види дека  избраничките на селекторот Савевски знаат да одработат напад да дојдат за позиција за удар но очигледно завршницата им е најслабиот дел. Како што истакна и селекторот Савевски се игра многу брзоплето при што се прават  бројни грешки. 
Дуелите со Франција и Холандија се зад нас следува решавачкиот дуел со Романија кој може да ни донесе многу  доколку победиме и се пласираме во следната групна фаза каде патуваат 12 селекции.  Противникот е фаворит но по добрата претстава со Холандија убедливо загуби од Французинките со 14 поени разлика.  
Да се надеваме дека  со поддршката на извонредната публика во салата Борис Трајковски ќе го видиме најдоброто издание на нашите ракометарки и ќе ја надминат фамозната граница од 20 погодоци на еден натпревар што на крајот може да донесе и  радост за Македонија.