Ракомет
13. January 2018 - 22:02

ЕП - Хрватска 2018: Раул: Имаме два бода и сега ќе мислиме на Црна Гора

По победата над Словенија селекторот на Македонија Раул Гонзалез истакна:
-   Сега имаме една победа и два бода треба да ја поминеме нашата група. Со Словенија се е тешко. Треба пак да изиграме како денес. Утре е пауза и ќе треба да се спремиме за другиот натпревар.  Малку се подготвуваме за Црна Гора и тие добро се подготвуваа за нас. Сакам сега да мислам само на Црна Гора и треба да ја почитуваме, имаат добра екипа играчи кои играат во Бундес лига.