Ракомет
16. January 2018 - 15:00

ЕП - Хрватска 2018: Раул: Германија е селекција со најмногу квалитет

Во мирна атмосфера македонските ракометари се подготвуваат за третиот дуел од групата утре ривал е Германија. Селекторот Раул Гонзалез на средбата со новинарите напомена:

Победивме квалитетни ривали Словенија и Црна Гора. Задоволен и среќен сум што двата дуела ги решивме во последните минути. Сега за сега сите се добри, но ќе знаеме како е кога ќе бидеме на тренинг попладнево. Секако дека добро ќе се подготвиме за Германија тоа е селекција која има најмногу квалитет и да игра во полуфиналето. Треба да играме до крај и само така ќе стигнеме до посакуваниот резултат.