-->
-->
ЕП - Хрватска 2018: Црна Гора 49.ти ривал на македонските ракометари
-->
Македонската ракометна репрезентација вечерва во 20:30 часот во Арена Загреб го игра вториот дуел на Европскиот шампионат во Хрватска. Противник ни е селекцијата на Црна Гора.
Ова е 49-та репрезентација против која ќе играме официјален натпревар на ЕП, СП, Олимписки квалификации и квалификации. Досега со Црногорците немаме одиграно официјален дуел, иако во многу наврати имаме играно пријателски натпревари.
Во пресрет на вечерашниот дуел во таборот на Македонија нема промена во составот. На повреда се жали Филип Миркуловски, што значи дека неговиот настап е неизвесен, но популарниот „Жути“ на вчерашниот тренинг изјави дека и покрај отокот на зглобот ќе направи напори за да игра. Станува збор за негова хронична повреда.
Во составот на Црна Гора ќе има една промена и за денеска е пријавен Небојша Симиќ (голман). Поради повреда првенството ќе го пропушти играчот на Вардар Вуко Борозан.
Ова за Македонија е 197 официјален натпревар, а со победа сигурно ќе биде обезбеден пласман во следната фаза, која нашите ракометари би ја играле во Вараждин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација