Спорт плус
12. February 2016 - 8:40

ЕП футсал: Шпанија во финалето против Русија

Репрезентацијата на Шпанија е вториот финалист на ЕП во футсал што се одржува во Белград. Во второто полуфинале одиграно синоќа Шпанија го победи Казахстан со 5:3.

Во првиот полуфинален дуел Русија по продолжение славеше над домаќинот Србија со 3:2.
Денеска е слободен ден, а натпреварите за медалите се играат утре:
Србија - Казахстан (18:30 часот) и
Шпанија - Русија (21 часот).